Во Собранието на Република Македонија пратениците на парламентарното мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ се натпејуваат откако пратеникот Оливер Спасовски побара од претседавачот Трајко Вељаноски да го стави на гласање предлогот за избор на собраниски спикер. За тој предлог Спасовски побара поддршка од 10 пратеника.
Тој потоа ги повика да станат сите пратеници што го поддржуваат парламентарното мнозинство. Откако станаа сите пратеници од СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и Беса, на говорницата се појави Крсто Мукоски.
Тој тогаш ја запеа химната по што станаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ скандираа „Избори, избори!“ и пееја „Едно име имаме во душата го носиме“, на што СДСМ возврати со скандирање „Шутка не ти бега Никола!“
Г. Трпеноски