ВО „ТРЕЗОР“ НЕ СЕ ПОМИЛУВАНИ ОБВИНЕТИТЕ ГРУЈЕВСКИ И МИЈАЛКОВ, ТУКУ ПОКОЈНИОТ КОСТА КРПАЧ И ДРУГИ СВЕДОЦИ, РЕЧЕ АРТАН АЈРО ОД СЈО

    ВО „ТРЕЗОР“ НЕ СЕ ПОМИЛУВАНИ ОБВИНЕТИТЕ ГРУЈЕВСКИ И МИЈАЛКОВ, ТУКУ ПОКОЈНИОТ КОСТА КРПАЧ И ДРУГИ СВЕДОЦИ, РЕЧЕ АРТАН АЈРО ОД СЈОСашо Мијалков на претходно рочиште во Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    На судењето за предметот на СЈО „Трезор“, за незаконска набавка на софтвер за опремата за прислушување во УБК, адвокатите на избеганиот ексначалник на Петтата управа Горан Грујевски, ја доставија одлуката на Врховниот суд на Грција, со која тој се ослободува од екстрадиција и од екстрадициски притвор.

    Судијката од организиран криминал Џенета Бегтовиќ кога го цитираше документот на записник, не прочита дека тој е ослободен поради аболицијата на Иванов, како што цело време тврдат адвокатите.

    „Сакам јавноста да не биде и натаму носена во заблуда. Горан Грујевски, а ни останатите обвинети во Трезор: Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, не се аболирани во овој предмет. Во овој предмет преtседателот ги помилува само сведоците, а не у обвинетите. Барам издвојување на постапката и почеток на судење во отсуство на Горан Грујевски“, рече обвинителот од СЈО Артан Ајро.

    Грујевски, Мијалков и останатите во „Трезор“ се обвинети за незаконско прибавување на 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема од фирма од Велика Британија. Големата сума пари од МВР, односно од државниот Буџет, легнала на сметката на фирмата „Финзи“, чиј сопственик Коста Крпач беше најден застрелан уште во април 2016 година, за време на предистражната постапка за незаконски присвоените 820.000 евра преку неговата фирма. Крпач во времето кога бил застрелан, бил сведок на Специјалното обвинителство. Претходно, пред да биде најден мртов, него го помилува претседателот Иванов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира