ВО ВАКВИ МОМЕНТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СИ СЕДИ ДОМА, МУ ПОРАЧА ХАН НА ИВАНОВ

    ВО ВАКВИ МОМЕНТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СИ СЕДИ ДОМА, МУ ПОРАЧА ХАН НА ИВАНОВ

    Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во интервју за ТВ Канал 5 рече дека не сака да ја коментира одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не се сретне со него, но, сепак, порача дека во вакви важни моменти, би било подобро да е во земјата наместо да патува во странство.

    – Ја почитувам институцијата шеф на држава. Во демократски земји, не би сакал да коментирам, но, во вакви времиња, особено е важно да се биде во земјата и да се врши улогата на претседател, која е решавачка. Сметам дека сите очекуваат да учествува во проактивна улога и да придонесува за мирно решение во тековните преговори – рече Хан.

    Претседателот Иванов вчера одби да се сретне со еврокомесарот и пратеничката тројка од Европскиот парламент и му го отстапи терминот за средба со претставници на иницијативата „За заедничка Македонија“.

    Иванов беше во работна посета на Унгарија и според најавите на неговиот кабинет доцна ноќеска требаше да се врати во земјава.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира