ВО ВООРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ЗА ПАРКИНГ ВО ЧАИР, УБИЕН Е 35-ГОДИШНИК, РАНЕТИ СЕ УШТЕ ДВАЈЦА

    ВО ВООРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ЗА ПАРКИНГ ВО ЧАИР, УБИЕН Е 35-ГОДИШНИК, РАНЕТИ СЕ УШТЕ ДВАЈЦАВо престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. (архивска фотографија)

    Во расправија со пукање за паркинг места во Чаир, завчера пред полноќ е убиен Хебиб Буњаку (35), а ранети се уште двајца.

    По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го уапсиле Б.Б.(39) од Скопје. На подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, а малку подоцна биле најдени и уапсени и Р.Р. (41) и К.Т. (28), исто така скопјани.

    Екипата на МВР на местото на пукањето нашла два пиштола, неколку возила и други предмети поврзани со делото.

    „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени. Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините“, соопшти Обвинителството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира