ВО ЗАТВОРОТ ЗА ЕЛИТАТА ВО СТРУГА МИЛЕСКИ ЧЕКА ОДГОВОР ДАЛИ ЌЕ ГО ПУШТАТ ПОРАНО, КАМЧЕВ ИМА УШТЕ 7 МЕСЕЦИ, МИЈАЛКОВ МОЖЕ ЌЕ БАРА ОДЛАГАЊЕ

    ВО ЗАТВОРОТ ЗА ЕЛИТАТА ВО СТРУГА МИЛЕСКИ ЧЕКА ОДГОВОР ДАЛИ ЌЕ ГО ПУШТАТ ПОРАНО, КАМЧЕВ ИМА УШТЕ 7 МЕСЕЦИ, МИЈАЛКОВ МОЖЕ ЌЕ БАРА ОДЛАГАЊЕИ Мијалков има право да побара одлагање на почетокот на затворската казна(Фото:СДК.МК)

    Во рекорден рок, осудениот Сашо Мијалков во истрагата „Империја“, добил нова адреса во Охрид. Првин доби казна од три години затвор по признание на вина, а веднаш потоа поднел барање до МВР за промена на адресата, и одма добил.

    Со охридската адреса, сега и Мијалков како Орце Камчев, Зоран Милески-Кичеец и Ненад Јосифовиќ (сите обвинети или осудени во „Империја“ и во „Плацеви на Груевски“), стекна право по место на живеење или договор за кирија, да преспива три години во струшкиот затвор од отворен вид.

    До вчера, додека Мијалков беше со скопска адреса, немал добиено упатен акт за во затвор. Пресудата му беше изречена на 8 јули.

    Во отворениот затвор во Струга одлежува казна за „Рекет“ Зоран Милески – Кичевскиот поради Орце Камчев, кој го пријави заедно со Бојан Јовановски и Катица Јанева дека му барале рекет.

    Од неодамна, во отворениот затвор во Струга почна да ја одлежува едногодишната казна и Камчев, кој призна вина за „Империја“, признавајќи ги сите незаконски работи што ги правел со Мијалков, кои Стефанова им ги стави на товар. И во „Плацеви на Груевски“ Камчев ја раскажа целата шема на прикривање на плацевите на Груевски и на перењето на неговиот имот, по налог, како што рече, на Мијалков.

    Ако Мијалков ја менува адресата за да ја одлежи тригодишната казна за „Империја“ во Струга, тој ќе се соочи со своите некогашни блиски луѓе, кои го разобличија пред судот. Особено што меѓу нив е и Ненад Јосифовиќ, кој призна буквално се што му се ставаше на товар на злосторничкото здружение во „Империја“, на чело со Мијалков и Камчев.

    Струшкиот затвор е со капацитет од 20 до 30 осуденици и нема шанса тие меѓусебно да се изолираат. Ако, според новата лична карта и место на живеење и Мијалков оди да ја одлежи казната во Струга, таму ќе мора да се дружи со некогашните бизнис партнери и семејни пријатели Камчев и Јосифовиќ, но и со Милевски кој според еден протечен прислушкуван телефонски разговор има сметки за расчистување со него, околу некои приватни релации со неговата сопруга.

    Милески има уште година дена да преспива во Струга, иако поднел барање за скратување на остатокот, бидејќи поминале две третини од тригодишната затворска казна. Уште чека одговор од институциите.

    Камчев има уште седум месеци во тој затвор, исто како и Јосифовиќ. Тие признаа вина на 29 април, но Камчев бараше одлагање на упатниот акт и казната ја почна дури на први јули. Јосифовиќ само недела дена пред него.

    Оттаму, велат во затворот, никој не очекува Мијалков кога ќе добие упатен акт веднаш да се стрча таму. И тој ги има правата на одлагање на почетокот на затворската казна.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира