ВОЈСКАТА НОСИ ПАРТАЛИ, МИНИСТЕРОТ ЈОЛЕВСКИ И ГЕНЕРАЛШТАБОТ СЕ ВО ВОЈНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОЈСКАТА НОСИ ПАРТАЛИ, МИНИСТЕРОТ ЈОЛЕВСКИ И ГЕНЕРАЛШТАБОТ СЕ ВО ВОЈНА

    Униформата на Армијата на Република Македонија се распаѓа. Таа е целосно испокината и нема место каде да се крпи веќе од што е излитена. Независно од тоа дали станува збор за таа набавена од Турција, или за другата, шиената во Тетово, униформата е и тотално избледена. Според некои од фотографиите што беа испратени во нашата редакција, речиси и да ги нема препознатливата боја и шарата.

    Но, најстрашна е состојбата со војничките чизми, особено сега во зима, реагираат професионалните војници до САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Чизмите ни се целосно уништени и скинати, пропуштаат вода, кал и снег. Кога сте со часови и денови на граница или на друга задача, тоа е неподносливо и крајно понижувачки. Нема што да облечеме. Нови чизми нема. Сами да купиме е забрането, зашто не се ова зелените долни маички за под униформата што не тераат старешините сами да ги обновуваме. Чизмите се гледаат, мора да бидат унифицирани. Според прописите, тие не смее да бидат различни и треба на секои две години да ни ги обновуваат. Но, тоа не се прави. Ни велат носете ги тие што ги имате. Срамота е веќе. Срам ни е кога треба АРМ да ја претставуваме во странство или пред странски делегации. Ни ‘А’ веќе не остана од АРМ“, револтирани се професионалните војници со кои разговаравме.

    Друга работа што сами ја купуваат покрај маиците, чорапите и други парчиња што не се гледаат под униформата, велат, се футроли за пиштолите.

    „Јас морав сам да си купам футрола за пиштолот, бидејќи армиската ми се скина, а нова не ти даваат. Старешините ни велат нема футроли. Со години ништо не е набавено од опремата на АРМ. Но јас ако го изгубам пиштолот, ќе одговарам. Затоа, им се бендисувала или не футролата што сам си ја купив, јас морам да ја носам“, вели друг војник.

    Војската е револтирана и поради тоа што два и пол месеци ѝ доцнат дневниците.

    Војската е револтирана и поради тоа што два и пол месеци ѝ доцнат дневниците, а министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски меѓусебно се обвинуваат за состојбата со униформите и доцнењето на парите (Фото: Аматерска фотографија од војници)

    Војската е револтирана и поради тоа што два и пол месеци ѝ доцнат дневниците, а министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски меѓусебно се обвинуваат за состојбата со униформите и доцнењето на парите (Фото: Аматерска фотографија од војници)

    „Како може на полицијата дневниците да им се исплаќаат редовно и без задоцнување и тие да земаат плата на први секој месец, а војската уште да чека дневници за ноември и плата да зема на шести-седми, после полицијата? Ако е Македонија полициска држава, нека кажат властите, ама нека не нѐ бараат повеќе кога е најгусто, во бегалска криза, поплави, невреме и тешки несреќи“, реагираат војниците.

    Целата оваа очајна ситуација со униформите, дневниците и платите на Армијата, за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди и министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој патем, ги прозива началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски и врховниот командант Ѓорге Иванов дека ништо не презеле околу набавката на нови униформи, и покрај тоа што неколку пати им кажал дека има еден милион евра непотрошени средства кои и денес и стојат на располагање на Армијата за нејзините потреби.

    Во одговорот до САКАМДАКАЖАМ.МК, кабинетот на Јолевски дури и потенцира дека парите за АРМ од лани останале непотрошени зашто Генералштабот не испраќал реферати до Министерството за одбрана.

    „Во однос на униформата на припадниците на АРМ, ве молиме прашањето упатете го до Генералштабот на АРМ. Министерството за одбрана може да каже дека министерот Јолевски во текот на минатата година неколку пати усмено побара од ГШ на АРМ да му биде доставен реферат за набавка на нови униформи. Истото барање го постави до началникот на ГШ на АРМ  во два наврата, на средби на кои беше присутен и Претседателот на Република Македонија. Средства во буџетот има, односно минатата година останаа околу 1 милион евра непотрошени средства, поради недостатокот на реферати од Генералштабот до Министерството“, вели министерот за одбрана Зоран Јолевски.

    И за доцнењето на дневниците Јолевски вели дека тоа е поради неажурноста на Генералштабот.

    „Во однос на исплата на дневници, Министерството укажува на тоа дека сите барања пристигнати од АРМ во службите на Министерството, се исплатени. Имено, сите списоци за исплата кои се доставени до 31.12.2016 година, се исплатени. Ако има неисплатени дневници од минатата година, тогаш станува збор за списоци кои не се доставени од Генералштабот на АРМ до Министерството“, стои во одговорот до САКАМДАКАЖАМ.МК

    Но, началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски не се согласува со тврдењата на министерот Јолевски, па потсетува кој одлучува пари за потребите на Армијата и Генералштабот.

    „Ве известуваме дека согласно Законот за одбрана, јасно се дефинирани надлежностите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во однос на планирањето и реализацијата на финансиските средства за потребите на одбраната (член 20 став 7,8 и 9 член 26). Побарувањата за потребни материјални средства за непречено функционирање на АРМ, секогаш редовно и навремено се доставуваат до Министерството за одбрана,  согласно претходно направените планови“, демантира Величковски и прецизира дека за скинатата униформа алармирано е уште во февруари лани, но бадијала:

    „Потребните реферати за набавка на потребен број на униформи за минатата година се доставени уште во текот на месец февруари до Министерството за одбрана на  понатамошна реализација која не е во надлежност на АРМ. Во спроведување на постапките за набавки кои се во надлежност на Министерството за одбрана, ГШ на АРМ секогаш дава стручни совети и укажувања за запазување на неопходниот квалитет на средствата или услугите. Но, нема одлучувачка улога во спроведување на постапките“, тврди кабинетот на началникот Величковски.

    Тој има спротивно тврдење од она на Јолевски и за доцнењето на дневниците.

    „Во однос на исплаќањето на финансиски парични надоместоци за ангажирање во трупни услови, списоците на ангажираниот персонал со вкупна сума на средства, веднаш по завршување на активностите и неопходното време за нивна обработка се доставуваат на понатамошна постапка и реализација во секторот за финансии во Министерството за одбрана“, се вели во одговорот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира