ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА БИТОЛА ЌЕ ИМА САМО ЕДНАШ ДНЕВНО

    ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА БИТОЛА ЌЕ ИМА САМО ЕДНАШ ДНЕВНООд возниот ред се избришани возовите во 6.53 и 20.05 часот. (Фото: СДК.МК)

    Македонски железници реши без образложение да откаже два од трите воза кои сообраќаат на релацијата Скопје-Битола.

    Така, од среда (25 октомври) ќе го има само возот кој тргнува од Скопје во 14.30 часот, а од возниот ред се избришани возовите во 6.53 и 20.05 часот. Од Битола за Скопје, пак, останува само возот во 03:13 часот.

    „ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација ‘Битола – Прилеп – Велес – Скопје’ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, велат од Македонски железници.

    Изминативе години често се случуваше поради дефекти возовите да останат по пругите и да се патува со часови. Така до Битола се патуваше по 10 односно 8 часа, наспроти редот на возење кој е 3,5 часа.

    Македонски железници е најзадолженото претпријатие во државна сопственост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира