ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ БЕЗ „СЕВЕРНА“ НЕМА ДА ВАЖАТ НИ ВО ЗЕМЈАВА ПОСЛЕ 12 ФЕВРУАРИ, СО СТАРИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВОЗИ

    ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ БЕЗ „СЕВЕРНА“ НЕМА ДА ВАЖАТ НИ ВО ЗЕМЈАВА ПОСЛЕ 12 ФЕВРУАРИ, СО СТАРИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВОЗИВозачките дозволи мора да бидат со „Северна“ затоа што за нив е сменет законот во јуни 2021, исто како и Законот за патни исправи, додека за личните карти законот не е сменет бидејќи е заглавен во Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Возачките дозволи во кои не е новото уставо име Северна Македонија нема да важат после 12 февруари ни во земјава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според соопштението, од 13 февруари ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.

    „Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета“, велат од МВР.

    Во соопштението не е наведено зошто нема да важат возачките дозволи, а ќе важат личните карти чиј датум не е истечен. САКАМДАКАЖАМ.МК побара објаснување од техничкиот министер Панче Тошковски.

    „Затоа што така е според Законот за безбедност во сообраќајот“, кусо ни одговори Тошковски.

    Собранието на 1 јуни 2021 го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој во Член 5 се вели: „Возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ‘Република Македонија’ издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“.

    Сепак, многумина граѓани велат дека иако ги регистрирале колите дури во декември 2023, сепак или не им биле сменети сообраќајните дозволи, или па им биле издадени нови без „Северна“.

    За личните карти законот не е сменет, бидејќи е заглавен во Собранието.

    „Што се однесува до личните карти, ги известуваме граѓаните дека тие ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава. За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, се вели во соопштението од МВР.

    Налепниците НМК за регистерските таблички ќе бидат бесплатни и ќе може да се добијат во станиците за технички преглед, каде треба да отиде со возилото и сообраќајната дозвола и контролор од станицата за технички преглед ќе залепи налепница на регистерските таблици.

    Од МВР соопштија и дека од полноќ на 12 кон 13 февруари престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

    „Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа“, вели МВР.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира