ВРЕМЕ Е ЗА ЧЕКОР НАПРЕД, ВАШАТА ИДНИНА Е ВО ЕУ, КАЖА АНТОНИО КОШТА ВО ОБРАЌАЊЕ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ

    ВРЕМЕ Е ЗА ЧЕКОР НАПРЕД, ВАШАТА ИДНИНА Е ВО ЕУ, КАЖА АНТОНИО КОШТА ВО ОБРАЌАЊЕ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИEвропските институции веруваат оти иднината на земјата е во Европската Унија, рече Кошта. (архивска фотографија)

    Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, упати честитка до граѓаните на Северна Македонија по повод 9 Мај, Денот на Европа, при што им се обрати како на идни членови на Унијата.

    Во обраќањето, тој рече дека на овој ден се слави заедничкиот европски потфат и моментот кога земјите основачки избраа единство и соработка наместо поделби и конфликти. Кошта вели дека на пепелта од Втората светска војна е изградена иднина која се темели на мир, слобода и просперитет.

    Тој додаде дека европските институции веруваат оти иднината на земјата е во Европската Унија и дека се вложува голем труд за таа визија да стане реалност. Според него, по многу години во статус на кандидат за членство, сега е време да се направи чекор напред кон градење на заедничката европска иднина.

    „Веруваме дека вашата иднина е во Европската унија. Се вложува огромен труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство во Европската унија веќе многу години. Време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина“, изјави Кошта.

    Да живее Европа, стои во заклучокот од обраќањето на претседателот на Советот на ЕУ до македонската јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира