ВРХОВНАТА СУДИЈКА МИЛКА РИСТОВА НА ЧЕЛО НА НОВАТА КОМИСИЈА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ  КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА, ЌЕ ОСЛОБОДУВА ЗА НОВА ГОДИНА

    ВРХОВНАТА СУДИЈКА МИЛКА РИСТОВА НА ЧЕЛО НА НОВАТА КОМИСИЈА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ  КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА, ЌЕ ОСЛОБОДУВА ЗА НОВА ГОДИНАМинатиот состав си поднесе колективна оставка, зашто немајќи механизми и надлежност да проверува нови истраги за лицата што ги предлага за ослободување, помилува член на наркокартел. (Фото: СДК.МК)

    Пензионираната врховна судијка Милка Ристова ќе биде претседателка на новата Комисија за помилување во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Покрај Ристова, во комисијата ќе членува и професорката по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Александра Груевска-Дракулевски, како и професорите Оливер Бачановиќ, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ и Афет Мамут.

    Седмиот член доаѓа од невладиниот сектор, тоа е Дохан Сулејманоски, за кого денеска на брифингот со новинарите Сиљановска-Давкова кажа дека иако имал најдобро интервју и најубави резултати, не беше избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

    Комисијата за помилувања прва седница ќе има утре, кога ќе ги согледа проблемите во пропишаните законски процедури за нејзината работа. Токму поради законските ограничувања за проверки и мешање во работата на судовите и на обвинителствата, смета Сиљановска-Давкова, неправедно настрада минатиот состав на Комисијата за помилување, која се поднесе морална оставка.

    Оваа Комисија на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добие осудено лице со правосилни пресуди.

    Претходниот состав на Комисијата си поденесе оставка откако во рамки на помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба 23 Октомври, без да знае дека се води предистрага и за потешки кривични дела го ослободи А. Р., член на наркокартелот „Барон“ за полесно кривично дело за кое бил во полуотворено одделение во „Идризово“. Освен тоа, ова помилувано лице сторило и обид за убиство, па на излегување од „Идризово“ како слободен човек кого го помилувала претседателката за празник, беше уапсен и сега се наоѓа во притвор.

    Ова „невнимание“ наиде на жестоки реакции во јавноста, по што претходната Комисија за помилување си поднесе оставка. За Нова година, ќе има нови помилувања од новата комисија предводена од Ристова.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира