ВРХОВНИОТ СУД ГИ ОДБИ ЖАЛБИТЕ НА ЈАНКУЛОСКА И НА ИЗБЕГАНИОТ ГРУЕВСКИ, ТАА БИ ТРЕБАЛО ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА „ТЕНК“

    ВРХОВНИОТ СУД ГИ ОДБИ ЖАЛБИТЕ НА ЈАНКУЛОСКА И НА ИЗБЕГАНИОТ ГРУЕВСКИ, ТАА БИ ТРЕБАЛО ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА „ТЕНК“Груевски избега на 11 ноември 2018 и оттогаш е во Будимпешта, Поповски поради високата казна одамна е во затворот „Идризово“, но Јанкулоска веќе ги исцрпе сите можности за одлагање. (Фото: СДК.МК)

    Врховниот суд на Република Северна Македонија вчера ги одбил барањата на осудените Ѓоко Поповски, Гордана Јанкулоска и Никола Груевски за злоупотреби при набавката на мерцедесот од 600 илјади евра за вонредно преиспитување на затворските пресуди за случајот „Тенк“.

    Поповски поради високата казна одамна е во затворот „Идризово“, но Јанкулоска веќе ги исцрпе сите можности за одлагање. Сега Врховниот суд ќе го извести Основниот кривичен суд, односно судијата за извршување санкции, кој ќе треба да ѝ врачи упатен акт за в затвор.

    Таа е осудена на 4 години затвор, а експремиерот Груевски избега на 11 ноември 2018 и оттогаш е во Будимпешта.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира