ВРХОВНИОТ СУД ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА СЈО ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ТАЛЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРХОВНИОТ СУД ЈА ПРИФАТИ ЖАЛБАТА НА СЈО ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ТАЛЕСКИ

    Врховниот суд ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го врати на повторно одлучување барањето на ова обвинителство за продолжување на мерката куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески.

    СЈО, откако Основниот суд Скопје 1и Апелациониот суд Скопје го одбија барањето да се продолжи мерката куќен притвор, поднесе жалба до Врховниот суд за повреда на постапката. Во највисокиот суд, освен кусото соопштение, нема дополнително образложение зошто ја уважува жалбата на СЈО. Неофицијално, според врховен судија кој одлучувал по жалбата, за САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека „ваквата одлука е донесена поради тоа што во прв и во втор степен, за барањето да се продолжи мерката куќен притвор одлучувал судија кој требало да биде изземен“.

    СЈО на 20 септември, кога и Апелација го потврди одбивањето да се продолжи мерката куќен притвор на Талески, реагираше дека ист судија не смее да одлучува ако веќе одлучувал во донесување на одлука во понискиот суд.

    Талески две недели е на слобода, под мерка на претпазливост и си оди на работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира