ВТОР ДЕН ПО РЕД 10 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 4 ВО ТЕТОВО, УШТЕ 805 БОЛНИ

    ВТОР ДЕН ПО РЕД 10 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 4 ВО ТЕТОВО, УШТЕ 805 БОЛНИБолниците низ земјава се подготвуваат за новиот бран на пациенти со компликации од ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Десет починати лица од ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие и уште 805 новозаболени од 6.980 тестови (или 11.5 отсто од од тестираните), вели Министерството за здравство. Ова е втор ден по ред да има двоцифрен број починати, од кои 4 се од Тетово, каде в болница се 80 болни.

    Здравствените власти утре ќе разговараат за воведување дополнителни локални мерки во Тетово, по големиот наплив на пациенти со ковид-19 во Тетовската болница.

    Пријавени се 4 починати лица од Тетово (53,72,72 и 73), 2 од Кичево (28 и 53), и по едно починато лице од Гостивар (44), Скопје (56), Дебар (86) и Куманово (60). Сите починати лица се починати во болнички услови. Дваест и осумгодишното лице од Кичево, како што објави вчера САКАМДАКАЖАМ.МК, е медицинска сестра од Кичевската болница, која не била вакцинирана против ковид-19.

    Нови болни се регистрирани во: Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

    Регистрирани се 77 оздравени пациенти од: Гостивар – 33, Скопје – 21, Дебар – 10, Куманово – 4, Струмица – 3, Кавадарци – 2, Кичево, Битола, Виница и Кочани – по 1.

    Направени се 6.980 тестови преку: ИЈЗ-131, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-142, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–146, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“-7, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Авицена-440, Биотек-239, Систина-112, лабораторија Лаор-914, Синлаб-29, Ремедика-8, Плодност–82, Генеа – 13, Никоб лаб-1.026, ВФВ Медикал-58, Ели Медика-63, Ројал Медика-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.045.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани досега се 162.164, оздравени се 150.851, починаа 5.552, а активни се 5.761 ковид болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 70798, активни 1894
    Куманово 9302, активни 361
    Прилеп 8382, активни 48
    Тетово 8619, активни 1207
    Битола 6451, активни 124
    Велес 5534, активни 55
    Гостивар 6057, активни 776
    Кавадарци 5215, активни 53
    Охрид 5171, активни 150
    Штип 5010, активни 42
    Струмица 4381, активни 240
    Струга 3110, активни 127
    Кочани 2842, активни 41
    Кичево 2928, активни 309
    Гевгелија 2200, активни 3
    Неготино 2186, активни 2
    Свети Николе 1546, активни 18
    Ресен 1268, активни 34
    Крива Паланка 1232, активни 5
    Радовиш 1198, активни 33
    Берово 1065, активни 27
    Делчево 985, активни 11
    Дебар 1085, активни 120
    Виница 908, активни 20
    Пробиштип 791, активни 2
    Валандово 689, активни 19
    Богданци 494, активни 0
    Крушево 490, активни 0
    Демир Хисар 402, активни 2
    Демир Капија 399, активни 3
    Кратово 378, активни 1
    Македонски Брод 383, активни 23
    Пехчево 282, активни 9
    Македонска Каменица 250, активни 1
    Дојран 133, активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира