НИКОЈ НЕ ЗАБЕЛЕЖА НАСИЛСТВО, НИЕ НЕ СЕ ЗАНИМАВАМЕ СО НАВОДИ, ПРВИЧНА ОЦЕНКА НА ОБСЕ/ОДИХР

    НИКОЈ НЕ ЗАБЕЛЕЖА НАСИЛСТВО, НИЕ НЕ СЕ ЗАНИМАВАМЕ СО НАВОДИ, ПРВИЧНА ОЦЕНКА НА ОБСЕ/ОДИХРКако забелешка шефот на Мисијата на ОДИХР Одри Гловер ја спомна Државната изборна комисија, која иако ја подобрила транспарентноста меѓу двата круга, таа не обезбедила дополнителни обуки, едукација на гласачите и финансиска поддршка за 10 општини кои имаат блокирани сметки(Фото:Г.Трпеноски)

    Вториот круг на изборите за градоначалници беше конкурентен и се почитуваа темелните слободи што придонесе за спроведување демократски избори, е заклучокот на набљудувачите на канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР.

    „ Партиите се бореа за поддршка и надвор од своите традиционални бази на поддржувачи, иако повремено користеа агресивна реторика, а имаше и извештаи за изолирани инциденти или злоупотреба на државни ресурси и купување гласови“, рече амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, за првичните наоди и заклучоци, на денешната прес конференција.

    Амбасадорката Гловер рече дека законската рамка претставува солидна основа за спроведување на демократски избори. Како забелешка   ја спомна Државната изборна комисија (ДИК), која иако ја подобрила транспарентноста меѓу двата круга, не обезбедила дополнителни обуки, едукација на гласачите и финансиска поддршка за 10 општини кои имаат блокирани сметки.

    „Начинот на кој се постапуваше по многу приговори го загрози владеењето на правото и гарантираниот процес, спротивно на обврските што произлегуваат од членството во ОБСЕ“, рече амбасадорката Гловер.

    За непризнавањето на изборните резултати и обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевскки за насилство на изборите, амбасадорката Гловер рече дека  партијата ако има докази за насилство, треба да го искористи законот и Изборниот законик и да поднесе приговори до надлежните државни институции.

    „  Тие беа само наводи. Никој од нашите набљудувачи, краткорочни долгорочни не забележа насилство. Тоа што забележавме е документирано. Се чини дека тоа се само наводи. Ние не се занимаваме со наоди, туку со докази“ ,рече Гловер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира