И ВУЧИЌ ГИ ПЛАШИ ГРАЃАНИТЕ НА СРБИЈА СО СТРАНСКИ СЛУЖБИ ОД МАКЕДОНИЈА

    И ВУЧИЌ ГИ ПЛАШИ ГРАЃАНИТЕ НА СРБИЈА СО СТРАНСКИ СЛУЖБИ ОД МАКЕДОНИЈАМакедонското јавно обвинителство уште го нема расчистено случајот со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ кој за време на нападот на Собранието на 27 април годинава бил меѓу насилниците.- Насловните страници на дел од српските весници (Фото: Телеграф)

    Дневните весници за вторник 22 август во Република Србија излегоа со насловни страни на кои се најавуваат текстови дека Србија ја нападнале странски служби од Македонија и дека македонската влада ги прислушувала српските високи функкционери, па дури и претседателот Александар Вучиќ.

    Самиот Александар Вучиќ изјави дека во Македонија имало офанзивно делување против органите и институциите на Србија во кое што „се замешани и други сили“, без да прецизира кои се тие други сили.

    Насловите се од тоа дека „биле заплашувани дипломатите од Србија“, дека „операцијата се спроведува со помош на САД“, дека “македонските разузнавачи ги прислушувале дипломатите во амбасадата, па дури и Вучиќ“, па сè до тоа дека „Заев ѝ објавил војна на Србија“.

    За ненадејното повлекување на целиот персонал на српската амбасада во Скопје на консултации во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека тоа било направено „да го заштитиме нашето пријателство со Македонците“. На тоа македонската Владата одговори поздравувајќи ги „најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“.

    Македонското јавно обвинителство уште го нема расчистено случајот со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ кој за време на нападот на Собранието на 27 април годинава бил меѓу насилниците.

    Во јуни полицијата го известила Обвинителството  за присуството на Живаљевиќ на 27 април во Собранието и го поврза со учество во две кривични дела “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

    Српската Влада тогаш рече дека на Живаљевиќ тоа му било работа.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира