ЗА 58 ОТСТО ЗГОЛЕМЕН ПРОЦЕНТОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ЗА 58 ОТСТО ЗГОЛЕМЕН ПРОЦЕНТОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕРегистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група 30-39 години, со 559 од 2.676 новозаболени. (Фото: К. Попов)

    Во периодот од 12 до 18 октомври, за 58,1 отсто е зголемен процентот на починати лица по компликации од ковид-19 за разлика од претходната недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градови. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50-59 години и 2 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

    Од 12 до 18 октомври тестирани се вкупно 13.213 материјали, а регистрирани се 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.375; 51,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија –228,3/100.000.

    Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 20,3%.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (559, 20,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (522; 19,5%), 20-29 (470; 17,6%), над 60 (469; 17,5%) и 50-59 (443; 16,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (79; 3,0%) и 10-19 години (134; 5,0%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (1.313; 49,1%), регистрирани се 96 (7,3%) хоспитализирани, а кај 305 (23,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0%) лица со историја на патување (во последни 14 дена).

    По добиени 2 негативни теста, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25% повеќе во однос на минатата недела.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 23.788, оздравеа 17.392, починаа 846, а активни случаи се 5.550.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира