ЗА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Е ВАЖНО СЕКОЈА ПОСТАПКА ДА ЗАВРШИ СО ПРАВОСИЛНА СУДСКА ОДЛУКА, РЕЧЕ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ДИМИТРОВСКА

    ЗА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА Е ВАЖНО СЕКОЈА ПОСТАПКА ДА ЗАВРШИ СО ПРАВОСИЛНА СУДСКА ОДЛУКА, РЕЧЕ НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ДИМИТРОВСКАНовата ДКСК на чело со Татјана Димитровска денеска даде заклетва во Собранието. (Фото: К. Попов)

    Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Претседателка на Антикорупциската комисна е Татјана Димитровска, дипломирана економистка од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), а членови се судијката во Основниот суд Софија Спасова-Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

    Претседателката Димитровска потоа изјави дека ќе работат независно и објективно и нема да дозволат никаков притисок или влијанија.

    „Секако сами како институција не е доволно да се заштитиме од овој феномен корупција којшто е генератор на многу проблеми во општеството. И тоа како значајна карика во тој систем е Јавното обвинителство. Исто така, за нас е од особено значење секоја иницијатива или секоја покрената постапка да заврши со правосилна судска одлука, што значи дека ќе настојуваме да ја интензивираме таа соработка се со една заедничка цел да ја спречиме корупцијата“, рече Димитровска.

    Таа нагласи дека ќе работат независно и објективно, ќе бидат транспарентни, одговорни и ќе бидат отворени за соработка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира