ЗА ЧАВКОВ НЕМА АМНЕСТИЈА, СЕ ПОДВЕДУВА ПОД КРИВИЧНО ДЕЛО „ЗДРУЖУВАЊЕ ЗАРАДИ НЕПРИЈАТЕЛСКА ДЕЈНОСТ“

    ЗА ЧАВКОВ НЕМА АМНЕСТИЈА, СЕ ПОДВЕДУВА ПОД КРИВИЧНО ДЕЛО „ЗДРУЖУВАЊЕ ЗАРАДИ НЕПРИЈАТЕЛСКА ДЕЈНОСТ“Митко Чавков пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Митко Чавков, екдиректор на Бирото за јавна безбедност и златна команда во оперативниот штаб на МВР кој не издаде наредба да ги спаси пратениците за време на организираниот напад на Собранието на 27 април лани, нема да има право на амнестија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од собраниски извори.

    Амнестија нема да има за никој од МВР од вкупно 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, што значи ни за Оливер Радулов и Сашо Марковски од УБК, кои ги украле снимките од безбедносните камери, Горан Ѓошевски – Леви, телохранителот на Трајко Вељаноски, и други.

    Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ денеска на прес-конференција во Собранието кажа дека телото за помирување изготвило предлог-текст на закон за амнестија, според кој, право на помилување од кривичните дела извршени во Собранието на 27 април нема да имаат обвинетите кои: се организатори на насилствата, кои вршеле акти на насилства и кои се опфатени во здружување заради непријателска дејност.

    Чавков, Радулов, Марковски и Леви ги нема ниту како организатори, ниту како насилници, па затоа велат од Собранието, тие ќе бидат подведени по кривично дело „Здружување заради непријателска дејност“ и нема да може да поднесат барање за амнестија. Како осомничен за „Здружување заради непријателска дејност“, во врска со 27 април, на 5 декември беше притворен поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

    Текстот треба да биде испратен до парламентарната група за интеграција, реформи и помирување, а потоа на финално гласање пред 119 пратеници, зашто пратеникот Никола Груевски е избеган.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира