До денес, со донации се собрани 54 милиони денари (околу 874.000 евра) преку Црвен крст за помош на семејствата на жртвите и за повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, соопшти генералниот секретар на Црвен крст Македонија, Саит Саити. Тој рече кажа дека е одлучено секој настрадан да добие по 150 илјади денари (околу 2.400 евра) првична помош.
Во пожарот на 16 март загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца. Од повредените, 115 се испратени на лекување во странство.
Саити на денешната прес-конференција рече дека досегашните пари се собрани од граѓани од Македонија и од странство, компании, локални самоуправи, државни институци, но имињата ќе биде објавени откако ќе заврши донаторската кампања, која би траела уште десетина дена.
Според Саити, семејствата сѐ уште немаат добиено парична помош бидејќи, согласно Законот за заштита на личните податоци, за префрлување пари потребни им се матичен број и писмена изјава со своерачен потпис, кој ги дава податоците.
„Изминатиов викенд Црвен крст успеа да ги собере податоците од семејствата на починатите. Во соработка со Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, при крај е собирањето на податоците за повредените кои се на лекување во странство. Останува уште да се соберат податоците за хоспитализираните во Македонија. Верувам дека за ден два ќе успееме да ги префрлиме првичните пари. Понатаму, прво ќе бидат исплатени пари на семејствата на починатите, а потоа методологијата е дека ќе се исплаќаат пари согласно степенот на понатамошно лекување. Знам дека има критики во јавноста, но мораме да го почитуваме Законот. Видовме што се случи со непочитувањето на законите“, рече Саити.
Ова се информациите каде може да се донираат пари:
Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Б. НЕСТОРОСКА