ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 19 ПРИЈАВИ ОД КАСНАТИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ 

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 19 ПРИЈАВИ ОД КАСНАТИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ Лани Општина Велес од својот буџет исплатила 44.000 евра отштета на граѓани каснати од куче. (Фото: СДК.МК)

    Изминатава недела има 19 пријави од луѓе каснати од кучиња скитници, забележани во билтените на Министерството за внатрешни работи, од кои главнината во Скопје, како и во Велес, Кичево и скопското село Марино.

    На 22 февруари имало 5 пријави, а останатите денови од две до четири. Најмногу каснатини од кучиња скитници биле пријавени во скопската полициска станица Кисела Вода, а следат Центар, Аеродром, Чаир, Драчево и Бит Пазар. Возраста на каснатите е од 19 до 71 година.

    Лани, Општина Велес од својот буџет исплатила 44.000 евра отштета на граѓани каснати од куче. Споредено со 2019, исплатени се 6.600 евра повеќе, но и зголемен е бројот на граѓани каснати од куче.

    Минатиот месец Град Скопје објави дека за два месеца се заловени 135 кучиња од скопските улици, а дваесет кучиња се вдомени од Јавното претпријатие „Лајка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира