ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАД 65 ОТСТО ПОВЕЌЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, МАСКА НА ЗАТВОРЕНО Е НАЈДОБРА ЗАШТИТА, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАД 65 ОТСТО ПОВЕЌЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, МАСКА НА ЗАТВОРЕНО Е НАЈДОБРА ЗАШТИТА, ВЕЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИНема зголемување на хоспитализирани и починати болни. (Фото: СДК.МК)

    За 65,8 проценти е згоолемен бројот на позитивни на ковид-19 во споредба со минатата недела, соопшти Комисијата за заразни болести по денешниот состанок. Констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи, а во моментот во болница се лекуваат 10 пациенти.

    Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од ковид-19 во соседните држави и светот, од Комисијата потсетуваат на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

    „Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце“, соопшти Комисијата.

    Од таму додаваат дека внимателно ја следат состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира