ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 96 ОТСТО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 96 ОТСТО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕПоради екстремно загадениот воздух, Институтот им препорача на граѓаните ако не треба да не излегуваат. (Фото: К. Попов)

    Од 26 декември до 1 јануари за 96 проценти е зголемен бројот на заболени од грип во споредба со претходната недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во тој период се пријавени 347 (И=18,9/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, а претходната недела имало 177 пријавени.

    Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 52-ра недела од минатата сезона (н=565) е намален за 38,6%, а во споредба со бројот за 52-ра недела од типичната епидемиска крива зголемен е за 43,9% .

    Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, вели ИЈЗ.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 184 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 38 кај деца на возраст од 5-14 години и 29 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (44,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

    Заболените се пријавени од единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Гостивар – 57, Битола – 51, Прилеп – 39, Дебар – 37, Куманово – 35, Кавадарци – 29, Скопје – 24, а во Крушево, Тетово, Струмица, Македонски Брод, Штип, Охрид, Кочани, Пробиштип, Кичево и Неготино бројот на пријавени е помал од 20.

    Поради маглата и екстремното загадување во Скопје и неколку градови во земјава, Институтот на 3 јануари им препорача на граѓаните да останат дома ако не треба да излегуваат, а возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност. Исто така, на граѓаните им се препорачува да останат дома или да го намалат физичкиот напор, особено на отворено, особено ако почувствуваат симптоми како што се кашлица или болки во грлото. Бремените жени треба да останат дома, вели ИЈЗ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира