ЗА ИЗБРКАНИТЕ НОВИНАРИ ОД СОБРАНИЕТО МОЖНИ СЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ПО ПРЕСУДАТА ОД СТРАЗБУР

    ЗА ИЗБРКАНИТЕ НОВИНАРИ ОД СОБРАНИЕТО МОЖНИ СЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНИТЕ ПО ПРЕСУДАТА ОД СТРАЗБУРПретседателот на ЗНМ Насер Селмани беше еден од исфрлените новинари од обезбедувањето во Собранието на 24 декември 2012 година.

    Годинашниот Ден на Европа, 9 мај, за Македонија носи револуционерни промени во однос на почитување на правото. На деветти мај станува конечна пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур која укажува дека новинарите на 24 декември 2012 година за време на расправата за буџетот биле незаконски исфрлени од Собранието. Оваа пресуда може да преизвика менување на сегашните законски решeнија за слобода на информирањето.

    Пресудата беше донесена на 9 февруари, годинава, а во моментов тече тримесечниот рок за жалби.
    „Ако добро се чита, пресудата треба да се сфати како водилка за можни законски подобрувања и за подобар третман на новинарите во сите институции за пристап и пренесување на информации. Оваа пресуда покрива генерален, голем настан и судот ги исчекува реакциите оти не е доволно таа само да биде донесена, таа треба да заживее, да стане видливо дека правдата е задоволена“, вели Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Европскиот суд за човекови права во чиј мандат се разгледуваше предметот за исфрлените новинари.
    Судијката Лазарова-Трајковска смета дека пресудата не значи само исплата на паричниот надоместок туку дека треба да иницира анализа на правната рамка на земјата оти посочува системски проблем.

    Пресудата е донесена едногласно од седумте судии. Судот соопшти дека во случајот „Селмани и други против Македонија“ имало прекршување на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на правото на фер сослушување и прекршување на членот 10 од Европската конвенција, кој се однесува на слободата на изразување. Исто така, Судот соопшти дека Владата не успеала да го убеди Судот дека било неопходно или оправдано да се отстранат новинарите од галеријата во Собранието.

    Новинарите Насер Селмани, Тони Ангеловски, Билјана Дамеска, Фросина Факова, Снежана Лупевска и Наташа Стојановска кои го однесоа проблемот од седницата на 24 декември во Стразбур откако ќе стане конечна пресудата, ќе бидат обесштетени со по 5.000 евра.

    Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, вели дека по донесувањеето на пресудата во неколку наврати побарал средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за заеднички да најдат начин за подобар третман на новнарите во Собранието, но се уште да му закажат средба. На истата тема, селма се пожали дека не му одговара на барањата за средба ниту министерот за внатрешни работи, Агум Нухиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира