ЗА КНИГИТЕ ОД БУГАРИЈА ЗАПРЕНИ НА ГРАНИЦА НЕДОСТИГАШЕ ПОТПИС ЗА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАВАЧКИ, ОБЈАСНУВААТ ОД ЦАРИНА

    ЗА КНИГИТЕ ОД БУГАРИЈА ЗАПРЕНИ НА ГРАНИЦА НЕДОСТИГАШЕ ПОТПИС ЗА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАВАЧКИ, ОБЈАСНУВААТ ОД ЦАРИНАКнигите со песни на браќата Миладиновци се дел од иницијативата „Испрати бугарска книга во Македонија“. (Фото: Фејсбук)

    Пратката со над 1.000 книги од Бугарија вчера била запрена на граница, бидејќи испраќачот немал комплетна документација за да биде ослободен од плаќање увозни давачки, објаснуваат од Царинската управа, откако бугарското МНР испрати протестна нота до Македонија за случајот.

    Станува збор за пратка од 920 нови и 250 стари книги, наменети како донација за Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје. Од Царинската управа велат дека според Царинскиот закон, за да бидат ослободени од плаќање увозни давачки, потребно е да се приложи договор дека се работи за подарок, потпишан од двете страни.

    „Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т.е. од испраќачот на книгите, а не и од примачот што го прави договорот правно неважечки. И порај тоа што царинскиот орган, преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, побара изјава дека пратката е наменета за Културно информациониот центар на Република Бугарија во Скопје, таква изјава не беше доставена ниту од Културно информациониот центар, ниту од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“, велат од Царинската управа.

    Како што јавија бугарските медиуми, книгите со песни на браќата Миладиновци ги вчера ги носел извесен Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“. Тој е дел од иницијативата „Испрати бугарска книга во Македонија“, која досега има испратено над 1.600 книги. За бугарските медиуми тој се пожали дека бил седум часа држен на „Деве Баир“ и дека цариниците се однесувале арогантно со него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира