ЗА МЕСТЕЊЕ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ, НА ПАНЧЕВСКИ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ВЕЛЕС

    ЗА МЕСТЕЊЕ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ, НА ПАНЧЕВСКИ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ВЕЛЕСПаралелно со обвинението на ОЈО Скопје, Судскиот совет отвори постапка за разрешување на судијата Владимир Панчевски. - Панчевски на распит во Основното јавно обвинителство Скопје на 20 септември минатата година (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје донесе одлука на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски да му се суди во Основниот суд Велес, бидејќи обвинетиот е судија во Основниот кривичен суд Скопје, соопшти судот. Панчевски е обвинет за Злоупотреба на службена положба и овластување за местење судски предмети.

    Апелациониот суд постапи по предлог на судија – поединец од Кривичниот суд за пренесување на месна надлежност и определување друг суд и го определи Основниот суд Велес за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет.

    „Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стварната надлежност“, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира