ЗА ОПРЕМА ВРЕДНА ЕДЕН ДЕНАР УБК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПЛАЌАЛА ПО 30 ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ОПРЕМА ВРЕДНА ЕДЕН ДЕНАР УБК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПЛАЌАЛА ПО 30 ИЛЈАДИ ЕВРА МЕСЕЧНО

    Првата истрага на Специјалното обвинителство за економски криминал, која специјалната обвинителка Катица Јанева денеска ја претстави со кодно име “Трезор“, сомничи три високопозиционирани  лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од МВР  за нелегална набавка на комуникациска и електронска опрема за потребите на Петтата управа во МВР, кои потоа со измислување потреба за нејзино одржување, за лично богатење, Буџетот го оштетиле за повеќе од 862.000 евра.

    Како што објасни на прес-конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, тројцата осомничени во јули 2010 година усно, без постапка за јавни набавки, со британска фирма се договориле за купување на опремата за УБК. Но, место да биде донесена од добавувачот, тројцата од УБК, со помош на раководното лице од МВР, се договараат транспортот да оди преку фирмата ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје, чиј управител бил сега покојниот сведок на СЈО Коста Крпач. Оваа фирма била основана од правно лице од САД, регистрирана во Кипар со сметка на Финзи Дооел Скопје.

    „Единствено што работел овој правен субјект е што има зголемување на основната главнина со 650.000 евра паричен влог. Овие средства се префрлени од сметката на Финзи САД, кој била отворена на Кипар, на сметката на Финзи ДООЕЛ Скопје. Потоа истите средства се префрлаат како влог во правното лице Си-фи кар (Систина – Финзи Кардиологија, рече обвинителката Фетаи.

    Управителот, патем, бил во крвно сродство со третоосомничениот од УБК.

    Според доказите, откако ФИНЗИ Скопје извршила увоз на опремата со вкупен износ од 1.452 403 евра, за истата опрема сумата тука ја префактурирала во 2.021.028 евра. Разликата меѓу набавната и продажната вредност во МВР е 362.000 евра, сума која отишла на сметката на Финзи Скопје.

    Вториот дел од истрагата што ја поведе СЈО, се однесува на изрежирано одржување на таа опрема, која во МВР веќе била нефункционална, поради софтверска и хардверска застареност, и проценета на  1 денар.  Така, како што посочи Фетаи, за британската опрема вредна еден денар, месечно од МВР се одлевале по 30.000 евра на истата фирма Финзи, се до смртта на управителот Коста Крпач, кога МВР еднострано го поништило  договорот за одржување.

    Уште во декември 2011 година тројцата осомничени од УБК му наредиле на четврто осомничениот од МВР, кој патем, како што рече и Фетаи, е и сведок во оваа истрага, да измисли дека потребно е британската опрема и да се одржува. Во периодот од 2011 до 2012 година, со анексот на  договорот на МВР со Финзи Дооел Скопје, со управителот Крпач, на  Финзи нелегално и се исплаќаат од МВР 215.000 евра, а за целосно каско одржување на нефункционалната опрема, проценета на 1 денар,  во текот на девет месеци, се до смртта на Коста Крпач, на неговата сметка МВР исплатило уште 285.000 евра.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира