ЗА ПРВПАТ БЕСПЛАТЕН ГРАДНИК ЗА ВЕШТАЧКА ДОЈКА ЗА ОПЕРИРАНИТЕ ОД РАК НА ДОЈКА

    ЗА ПРВПАТ БЕСПЛАТЕН ГРАДНИК ЗА ВЕШТАЧКА ДОЈКА ЗА ОПЕРИРАНИТЕ ОД РАК НА ДОЈКАОд традиционалниот марш за подигање на јавната свест за ракот на дојка „Напред розово“ во организација на здружението „Борка“ (Фото: СДК.МК)

    Од оваа година жените оперирани од рак на дојка ќе може да добијат ортопедски градници на товар на Фондот за здравствено осигурување, соопшти Министерството за здравство.

    „Во функција е процедура за добивање бесплатен градник еднаш годишно во соработка со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). За да добиете градник потребна е потврда од матичен лекар, која се заверува во Фондот. Со потврдата, градникот може да се купи во специјализирани продавници за вакви помагала. Со фискалната сметка и со сметкопотврда и со копија од трансакциска сметка може да пополните барање од ФЗОМ за рефундирање на средствата. Фондот рефундира 1,266 денари од градник“, се вели во објавата на Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека за прв пат обезбедуваат и психолошка поддршка на пациентите, што е еден од најважните делови при лекување на овие болести.

    „Акo мaтичниот лекaр не јa знaе шифрaтa кoјa требa дa јa пишувa нa издaденaтa пoтврдa, таа е 75-02 Oртопедски градник со џебови за носење вештачка дојка. Правиме сѐ пациентите подобро и побрзо да го надминат овој тежок период“, велат од Министерството за здравство.

    Според измените на правилникот за ортопедски помагала на товар на ФЗОМ донесени лани, стои дека референтната цена на ова помагало е 1.407 денари, а партиципацијата е 10 отсто. Право на ваков градник на товар на ФЗОМ според правилникот, може да добијат оперирани од рак на дојка и пациенти со конгенитални аномалии.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира