ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ШУТКА ПРЕКРШОЧНИ ДОБИЛЕ СИТЕ УЧЕСНИЦИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ПОВРЕДЕНИОТ ЕЛВИС БАЈРАМ

    ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ШУТКА ПРЕКРШОЧНИ ДОБИЛЕ СИТЕ УЧЕСНИЦИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ПОВРЕДЕНИОТ ЕЛВИС БАЈРАММинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се закани дека секаков обид кој било да се затскрие или ја злоупотреби полицијата како “наша“ или “ваша“, ќе биде законски санкциониран.(Фото:СДК:МК)

    За групната тепачка на улицата „Гвадалахара“ во населбата Шуто Оризари, во која што беше повреден актуелниот и кандидат за градоначалник на општината Елвис Бајрам, МВР поднела осум прекршочни пријави. На суд ќе оди и повредениот градоначалник Бајрам.

    „СВР Скопје изготви осум записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир за “нарушен јавен ред и мир со тепачка“ против осум лица и тоа: Ш.Д.; Ф.Ф.; Ј.С.; Х.А.; Х.М.; Х.И.; Е.Б. и А.М.“, рече на денешниот прес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    Целокупниот документиран материјал е доставен до ОЈО Скопје за понатамошна постапка, рече Спасовски и додаде дека МВР ќе ги открива во иднина сите вакви случаи кои фрлаат дамка врз рестојните локални избори, независно кој од која политичка партија доаѓа и кој чиј симпатизер е во ваквите и слични случаи. Тој се закани дека секаков обид кој било да се затскрие или ја злоупотреби полицијата како “наша“ или “ваша“, ќе биде законски санкциониран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира