ЗА ТРИ ДЕНА 176 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 2.674 ТЕСТОВИ, НЕМА ПОЧИНАТИ

    ЗА ТРИ ДЕНА 176 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 2.674 ТЕСТОВИ, НЕМА ПОЧИНАТИМоментално има 533 активни случаи на зараза (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 176 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија во изминатите три дена (13-15 мај), при што во тој период нема починати.

    Направени се 2.674 тестови. Најмногу нови случаи има во Скопје – 106, па следуваат Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2 и Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1. Меѓу нив има и 31 реинфекција.

    Регистрирани сe и 275 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп – 16, Охрид – 10, Кавадарци и Гостивар – по 8, Куманово – 7, Велес и Штип – по 6, Кичево, Тетово и Струмица – по 5, Ресен и Неготино – по 4, Гевгелија – 3, Виница – 2 и Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.

    Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72 и 83 години) од 25 и 26 април. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови.

    Од почетокот на пандемијата во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања, при што се откриени 310.859 случаи на коронавирус. Бројот на оздравени е 301.035, починале 9.291 лице, а моментално има 533 активни случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира