ЗА ТРИ ДЕНА НАД 1.100 ПОВИЦИ ЗА ПОМОШ НА БРОЈОТ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ 112

    ЗА ТРИ ДЕНА НАД 1.100 ПОВИЦИ ЗА ПОМОШ НА БРОЈОТ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ 112Сите повици од цела држава се примаат во главниот центар сместен во просториите на ЦУК. (Фото: ЦУК)

    За три дена откако е пуштен во употреба единствениот број за итни случаи 112 ,на него помош побарале над 1.100 граѓани. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), во петокот кога бројот почна да работи биле примени околу 600 повици. Вчера 430 граѓани побарале помош од примателите на повици, а во текот на ноќта до 8 часот утрово примени се 76 повици.

    Со пуштањето на бројот 112 помош може да се добие само со вртење на еден број, наместо да се врти на четири броеви за итни случаи 192 – Полиција, 193 – Пожарна, 194 – Брза помош и 195 – Центар за управување со кризи (ЦУК). Сите повици од цела држава се примаат во главниот центар сместен во просториите на ЦУК. Од таму повиците се пренасочуваат кон оној за кого е наменет повикот.

    Ќе постојат осум центри и тоа главниот во Скопје, потоа во Тетово, Битола, Штип, Велес, Охрид, Струмица и подоцна во Куманово. Примателот на повикот треба да ја води жртвата и да одржува контакт додека стигнат екипите. Примателот на повикот веднаш информацијата за несреќата ја праќа до Полиција, Брза помош и Пожарна. Сите повици ќе бидат снимени за да се избегне неодговорно однесување.

    За почеток бројот 112 ќе функционира само на територијата на град Скопје, а после 10 дена откако ќе биде тестиран системот и низ цела држава. Досегашните броеви за помош 192, 193, 194 и 195 ќе функционираат уште најмалку една година, за да се информираат граѓаните со новиот број.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира