ЗА ТРИ ДЕНА ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД И 159 ПОЗИТИВНИ ОД 2.777 ТЕСТОВИ

    ЗА ТРИ ДЕНА ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД И 159 ПОЗИТИВНИ ОД 2.777 ТЕСТОВИАктивни се 578 болни. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно тројца починати од ковид и 159 позитивни од 2.777 тестови се регистрирани во последните 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022), соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни, 25 се реинфекции.

    Во текот на изминатите 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022), пријавено е едно починато лице од Охрид (82г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (58г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27.04.-29.04.2022 година.

    Новозаразените се во Скопје – 79, Битола – 29, Прилеп – 9, Охрид – 8, Куманово, Кавадарци и Велес – по 5, Кичево – 4, Тетово и Ресен – по 3, Штип и Гевгелија – по 2, Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово – по 1.

    Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 40, Прилеп и Охрид – по 9, Делчево – 6, Кавадарци – 5, Штип – 4, Гостивар – 3, Тетово, Струмица и Демир Хисар – по 2, Кичево, Ресен, Струга, Неготино, Берово и Виница – по 1.

    Направени се 2.777 тестови преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-118, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–100, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-85, Биотек-107, Систина-65, лабораторија Лаор-100, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-40, Генеа-10, Никоб Лаб-219, ВФВ Медикал-44, Ели МедикаПлус-27, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–13, ЖанМитрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.327.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на
    епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.

    Дистрибуција по градови:
    Скопје 145858, Активни 245
    Куманово 16646, Активни 13
    Битола 15473, Активни 127
    Прилеп 14171, Активни 26
    Тетово 13463, Активни 14
    Кавадарци 10654, Активни 16
    Велес 9776, Активни 15
    Гостивар 9591, Активни 13
    Охрид 8867, Активни 25
    Струмица 8066, Активни 12
    Штип 8030, Активни 9
    Кичево 5631, Активни 10
    Кочани 5078, Активни 4
    Струга 4720, Активни 4
    Гевгелија 4408, Активни 7
    Неготино 3679, Активни 1
    Ресен 2730, Активни 13
    Свети Николе 2624, Активни 0
    Радовиш 2530, Активни 2
    Крива Паланка 2413, Активни 0
    Делчево 1979, Активни 3
    Дебар 1674, Активни 1
    Берово 1660, Активни 5
    Валандово 1488, Активни 3
    Виница 1393, Активни 2
    Пробиштип 1267, Активни 2
    Богданци 1020, Активни 1
    Кратово 966, Активни 2
    Крушево 926, Активни 0
    Демир Хисар 832, Активни 2
    Македонски Брод 736, Активни 0
    Демир Капија 593, Активни 0
    Македонска Каменица 523, Активни 0
    Пехчево 486, Активни 0
    Дојран 347, Активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира