ЗА ТРИ МЕСЕЦИ УМРЕЛЕ 90 ДОЕНЧИЊА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ТРИ МЕСЕЦИ УМРЕЛЕ 90 ДОЕНЧИЊА

    Во третото тримесечие оваа година умреле 90 доенчиња, објави денес Државниот завод за статистика. Во истиот период лани починале 39 бебиња, што значи дека во периодот јули-септември годинава има над два пати повеќе умрени доенчиња во однос на истиот период лани. Според податоците од Државниот завод за статистика, за девет месеци оваа година починале 18 бебиња повеќе во однос на цела 2015. Така, во првото тромесечие од 2016 починале 61 бебе, во второто тромесечие 55 бебиња, и вкупно овие девет месеци од годината умреле 206 бебиња.

    Лани, вкупниот број на умрени доенчиња бил 188.

    Според статистичките податоци, најмногу умрени бебиња во третото тромесечие од оваа година има во Скопје, односно 31, и тоа 6 во Центар, 5 во Ѓорче Петров, по 4 во Аеродром, Карпош и Сарај, по две во Сарај, Кисела Вода и Шуто Оризари и по едно во Бутел и Гази Баба. По Скопје, според бројот на умрени бебиња следи Куманово, каде има 7 починати доенчиња.

    Високи бројки на умрени доенчиња има изминативе неколку години. Здравствените власти и лекарите велат дека поголем број од бебињата што умираат до едногодишна возраст главно се должи на вродени аномалии, кои навреме не биле детектирани, бидејќи бремените жени навреме и редовно не одат на гинеколог. Меѓу причините за смрт на бебињата, според лекарите беа и цревни и респираторни заболувања и малигни заболувања.

    Дел од проблемот за високата смртност на бебињата беше лоциран и во тоа што нема доволно матични гинеколози во земјава и дека голем број жени во текот на бременоста воопшто не одат на гинеколог.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира