ЗА УСТАВЕН СУДИЈА ИЗБРАН ГОЦЕ НАУМОВСКИ, ПРОФЕСОР НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ И СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

    ЗА УСТАВЕН СУДИЈА ИЗБРАН ГОЦЕ НАУМОВСКИ, ПРОФЕСОР НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ И СОВЕТНИК НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИНаумовски беше избран со 63 гласа „за“ и тој веднаш положи заклетва во Собранието. (Фото: Принтскрин од видео на Јутуб)

    Уставниот суд денеска се комплетираше со изборот на професор Гоце Наумовски за нов уставен судија, на местото на судијката
    Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе оставка лани во декември. Со 63 гласа „за“ од парламентарното мнозинство и со седум „против“, Наумовски денеска беше избран и веднаш положи заклетва во Собранието.

    Тој е актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни прашања, а е брат на поранешниот вицепремиер од ВМРО-ДПМНЕ Васко Наумовски. Браќата Наумовски се професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде прв се вработил Гоце, па потоа Васко.

    Наумовски не е единствениот уставен судија избран додека е советник на член на државниот врв од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017, тогашниот претседател Ѓорге Иванов го предложи за уставен судија Дарко Костадиновски, кој беше советник за надворешна политика во неговиот кабинет. На 11 јануари 2018 Костадиновски избран за уставен судија, а во јуни 2024 беше избран за претседател на Уставниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира