ЗАБОЛЕНА ОД МАЛИ СИПАНИЦИ СО НОВООТКРИЕН ДИЈАБЕТ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА

    ЗАБОЛЕНА ОД МАЛИ СИПАНИЦИ СО НОВООТКРИЕН ДИЈАБЕТ ВО ТЕШКА СОСТОЈБАДвајца заболени од мали сипаници се лекуваат на одделот за интензивна нега, а во потешка состојба на одделите на Инфективна клиника се три деца и двајца возрасни. (Фото: СДК.МК)

    Заболена од мали сипаници со новооткриен дијабет во тешка здравствена состојба вчера била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Од Клиниката велат дека пациентката е со кетоацидоза и дека е сместена на одделот за интензивно лекување. На овој оддел веќе подолго време е девојката со церебрална парализа која е на механичка вентилација со масивна бронхопневмонија, која настанала како последица од морбили. Според информациите од Клиниката за инфективни болести, на одделите во потешка состојба се уште три деца и двајца возрасни.

    „Во текот на вчерашниот ден прегледани се 13 пациенти со мали сипаници, од кои двајца се задржани за болничко лекување. Тоа се 39-годишна пациентка од Чаир без податок за вакцинален статус со новооткриен дијабет, која е во кетоацидоза и во потешка состојба на одделот за интензивно лекување. Втората заболена е 26-годишна за која нема податок дека е вакцинирана. И нејзиното дете е болно од морбили. На клиниката се лекуваат 36 заболени од морбили, од кои 23 возрасни и 13 деца. Од амбулантски прегледаните прегледано е и 9-месечно дете, кое е невакциниранo. Другите се возрасни на возраст од 20 до 40 години“, велат од Клиниката за инфективни болести.

    На Клиниката за детски болести во моментов се лекуваат шест деца болни од мали сипаници, но тие не се во тешка здравствена состојба.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира