Адвокатката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, кажа дека се задоволни од денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова на судењето за „Рекет“. Според одбраната на Јанева, Стефанова потврдила дека Јанева нема направено ништо незаконски.
„Ние сме задоволни од исказот на Лиле, која практично потврди дека Јанева воопшто не ѝ се мешала, ниту ѝ сугерирала, ниту барала да не се работи предметот ’Империја‘, ниту барала да не се преземаат дејствија против Камчев“, изјави адвокатката по судењето.
Таа рече и дека од сведочењето на Стефанова можело да се изведе заклучок дека ниту едно дејствие на Јанева не било противзаконско, туку напротив, сè било во согласност со нејзините законски овластувања и законски можности.
„Гледаме дека заедно со Камчев биле пуштени од притвор уште пет лица. Од исказот може да се види дека Јанева на ниту еден начин не е поврзана со она што ѝ се става на товар во оваа постапка и со оние дејствија поради кои се води овој предмет, а тоа е да даде позитивно мислење поради некои коруптивни дејствија“, кажа Фрчкоска.
- ГОМНАРКЕ И ОРОСПИЈО, Ѝ КАЖА ЈАНЕВА НА СТЕФАНОВА ПО ШТО БЕШЕ ОТСТРАНЕТА ОД СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“
- ТИ ЛИЛЕ ДА МУ ГО ВРАТИШ ПАСОШОТ НА ОРЦЕ, А СЕГА МАРШ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ СИТЕ ОД ТУКА, КАЖАЛА ЈАНЕВА НА КОЛЕГИУМ ВО СЈО, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА СТЕФАНОВА
- НАТАША САВОВА МИ СЕ СИЛЕШЕ ПРЕКУ МИЈАЛКОВ ДА ЈА ПРЕКИНАМ ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПРИТВОРЕНИОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ, СВЕДОЧЕШЕ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА НА „РЕКЕТ“
- КАМЧЕВ ПРАЌАШЕ ЕМИСАРИ, СУДИИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ, ПОЛИТИЧАРИ, А СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ОКАПА ЦЕЛ ДЕН ВО СУДОТ ДОДЕКА СЕ РЕШАВАШЕ ЗА НЕГОВИОТ ПРИТВОР, СВЕДОЧИ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА
За испадот на Јанева на крајот од сведочењето, кога ја навредуваше Стефанова и беше отстранета од судницата, Фрчкоска рече дека Јанева е револтирана поради сето она што ѝ се случува, поради работи кои се извртуваат и дека нивни впечаток е дека се кажуваат работи само за да послужат за целите на истрагата.