ТИ ЛИЛЕ ДА МУ ГО ВРАТИШ ПАСОШОТ НА ОРЦЕ, А СЕГА МАРШ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ СИТЕ ОД ТУКА, КАЖАЛА ЈАНЕВА НА КОЛЕГИУМ ВО СЈО, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА СТЕФАНОВА

    ТИ ЛИЛЕ ДА МУ ГО ВРАТИШ ПАСОШОТ НА ОРЦЕ, А СЕГА МАРШ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ СИТЕ ОД ТУКА, КАЖАЛА ЈАНЕВА НА КОЛЕГИУМ ВО СЈО, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА СТЕФАНОВАЈанева побарала од обвинителите Стефанова и Рустеми да направат извештај колкава штета е направена во 'Империја' и 'Поштенска банка' и да се затвори предметот. - Катица Јанева; Лиле Стефанова (Фото: К. Попов)

    Во продолжение на сведочењето во „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова денеска кажа колку обвинетата Катица Јанева влијаела за осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески, газда на „Пелистерка“. Барала од Стефанова без медицинска документација да напише дека треба да му се даде времена патна исправа за да се лекува во Италија. Судот го одбил барањето, но Панделески подоцна сепак добил времен пасош.

    На 16 април 2018 година, на колегиум во СЈО Јанева ѝ се обратила на Стефанова:

    „’Ти Лиле да му го дадеш на Орце пасошот. Приговори нејќам. И Лиле и Бурим, да направите извештај колкава штета е направена во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и тука да се затвори предметот. А сега марш, излегувајте сите од тука!“, сведочеше Стефанова како им се обратила Јанева на колегиум на неа и на колегата Бурим Рустеми и како ги избркала од канцеларија.

    Рече дека била вознемирена, бидејќи истрагата била штотуку отворена и интензивна со странска помош од странски обвинители и истражители. Место само отштета, со Рустеми предложиле и затворски казни за осомничените.

    Потоа следувал обид за интервенција од Јанева за одмрзнување на имотот на Панделески од страна на Јанева. И договорила и состанок со неговиот син Дејан Панделески.

    „Јанева рече да му помогнеме на човекот. Рече дека си имал вештачење дека неоправдано му бил замрзнат имотот во една од фирмите. Како да му е адвокат!“, рече Стефанова.

    Следниот ден Јанева дала оставка на функцијата.

    „Последната нејзина активност беше влијание за Цветан“, рече Стефанова.

    Потоа на прашање одговори и за влијание во истрагата „Поштенска банка“, што ја водеше Рустеми. На колегиум, Јанева ништо не кажала, но на одење на Рустеми му рекла од имотот на осомничениот Томе Главчев, да не замрзнува стан, бидејќи бил на нејзина пријателка. Подоцна со Рустеми утврдиле дека „пријателката“ бил Сашо Василевски.

    Адвокатката на Јанева врши вкрстен и директен распит на Стефанова.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира