Несериозно е прашањето за спорот за името да се решава телефонски, а изјавата на премиерот Зоран Заев дека отфрлањето на договорот за името ќе го спречи влезот на земјава во НАТО и ЕУ е манипuлација, реагира претседателот Ѓорге Иванов.
Од кабинетот на Иванов соопштија дека вчерашната изјава на Заев, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и зголеми внатрешните опасности претставува очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување.
Претседателот Иванов смета дека е несериозно и неодговорно е прашањето за името, кое е исклучително важно прашање за граѓаните и наметнати технички барања, да се решаваат телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави“.
„Стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО се јасно дефинирани и непроменети. Зачувувањето на уставното име и изнаоѓањето на решение кое нема да предизвика уставни промени, во никој случај не е насочено против интеграцијата на земјава во Европската Унија и НАТО. Склучувањето на меѓународен договор содржан во еден или повеќе поврзани меѓусебни документи треба да биде во согласност со Уставот, а не да предвидува негова измена“, велат од кабинетот на Иванов.