ЗАЕВ ГИ ПОВИКА НАПОМОШ ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ КОРУПЦИЈА, НО КАЖА ДЕКА И НИМ ЌЕ ИМ СЕ ПРОВЕРУВА СОМНИТЕЛНИОТ ПРОФИТ

    ЗАЕВ ГИ ПОВИКА НАПОМОШ ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ КОРУПЦИЈА, НО КАЖА ДЕКА И НИМ ЌЕ ИМ СЕ ПРОВЕРУВА СОМНИТЕЛНИОТ ПРОФИТСо законот за потекло на стекнатиот имот може покрај на функционери, административци, судии и обвинители, да се проверува сомнителен приход и кај обичните граѓани. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да не се плашат и да почнат да пријавуваат корупција, на денешната прес-конференција со вицепремиерот Љупчо Николовски. Но, рече дека на проверка на профит кој не се совпаѓа со заработувачката, освен јавните функционери и администрацијата, ќе бидат подложни и граѓаните.

    Денеска почнува кампања за подигање на свеста на граѓаните како да препознаат корупција, под слоганот: „Сега сè е јасно, корупцијата не се исплати“.

    „Граѓани не се плашете, пријавувајте корупција“, рече Заев.

    Беа презентирани три спота, во кои улогата на земачи на поткуп беа административци и цариник. Немаше спот за корумпиран министер, судија, обвинител, полицаец, финансов полицаец, директор, инспектор. Но, Заев и Николовски рекоа дека ќе има поширока кампања, во која подетално ќе се упатат граѓаните како да ја препознаат корупцијата.

    Љупчо Николовски кажа дека секој граѓанин со само неколку кликови сега може да ги види сите истрошени пари, тендери, учесници, исплатени суми во јавни набавки.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира