ЗАЕВ И АХМЕТИ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА ДЕТЕКТИРААТ СЛАБОСТИ КАЈ ФУНКЦИОНЕРИТЕ

    ЗАЕВ И АХМЕТИ СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА ДЕТЕКТИРААТ СЛАБОСТИ КАЈ ФУНКЦИОНЕРИТЕЗаев и Ахмети на денешната средба во Владата (Фото: Влада на РСМ)

    Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на коалициониот парнтер ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Влада почнаа разговори за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт, соопшти од Генералниот секретаријат на Владата. Тие се договориле да се консултираат во своите партии по што ќе продолжат со разговорите, а велат дека целат им е да обезбедат кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите.

    „Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт. На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат. Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните“, се вели во соопштението по денешната средба.

    Пред една недела, Заев рече дека на почетокот на јуни ќе се знае кои функционери на централно ниво ќе бидат заменети, а во текот на летото и на локално ниво.

    „Ќе има промена и на министерско ниво и на ниво на директори на претпријатија, но и на локално ниво, како и во партијата од која доаѓам. Аргументите за смена ќе бидат ароганцијата, неисполнување на поставените задачи, неагилноста, или сѐ она од што граѓаните не се задоволни. Станува збор за човечки слабости, а не за тоа кој е крив или не. Секако и решенијата од Антикорупциската комисија, особено ако имало влијание при вработување ќе се земе предвид“, рече тогаш Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира