ЗАЕВ И ГАШИ НАЧЕЛНО СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ВЛЕЗ НА АЛТЕРНАТИВА ВО ВЛАДАТА, ВО ТЕК СЕ КОНСУЛТАЦИИ ЗА КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА ЗА МИНИСТРИ И ДИРЕКТОРИ

    ЗАЕВ И ГАШИ НАЧЕЛНО СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ВЛЕЗ НА АЛТЕРНАТИВА ВО ВЛАДАТА, ВО ТЕК СЕ КОНСУЛТАЦИИ ЗА КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА ЗА МИНИСТРИ И ДИРЕКТОРИЗаев и Гаши пред денешната средба во Клубот на пратеници во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Постигната е начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, соопштија од Владата. Оттаму додаваат дека двајцата размениле мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт.

    „Соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните. На тој начин ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите актуелни предизвици како што се ковид-19 пандемијата и глобалната енергетска криза. Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, при што се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт“, се вели во владиното соопштение.

    Во наредните денови продолжуваат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу Заев и Гаши со нивните тимови.

    Алтернатива има четворица пратеници во Собранието. Партијата на последните парламентарни избори настапи во коалиција со Алијанса за Албанците и е дел од опозицијата. Четворицата пратеници на Алтернатива беа потпишани на иницијативата за гласање доверба на Владата, која пропадна откако на собраниската седница на 11 ноември не дојде пратеникот на Беса Кастриот Реџепи.

    На седницата на Централниот одбор на СДСМ во петокот, Заев ги информирал сопартијците дека парламентарното мнозинство изнесува 61 пратеник, со можност да се зголеми со пратениците на Алтернатива.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира