ЗАЕВ ИМ ГО СООПШТУВА НА МИЦКОСКИ, ИВАНОВ И НА ДУИ ДОГОВОРЕНИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО СО ЦИПРАС

    ЗАЕВ ИМ ГО СООПШТУВА НА МИЦКОСКИ, ИВАНОВ И НА ДУИ ДОГОВОРЕНИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО СО ЦИПРАСНеофицијалниот предлог што треба да го соопшти Заев е Република Илинденска Македонија за севкупна употреба. - Талат Џафери, Христијан Мицкоски, Зоран Заев, Ѓорге Иванов (Фото: М. Златевска)

    Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров седнаа на маса во Клубот на пратеници, каде Заев треба да го соопшти договорениот предлог со грчкиот премиер Алексис Ципрас како можно решение за спорот за името.

    Неофицијалниот предлог што треба да го соопшти Заев е Република Илинденска Македонија за севкупна употреба. Досега нема никаква реакција од Мицкоски и од Иванов за овој неофицијален предлог, кој беше одбиен од грчката опозиција. На масата денеска се и лидерот на ДУИ Али Ахмети и министерката и вицепремиерка Радмила Шеќеринска. Нема претставници од други парламентарни партии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира