ЗАЕВ МУ ГО ДАДЕ НА ЏАФЕРИ ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВА ВЛАДА, ТОЈ НА ПРАТЕНИЦИТЕ, СЕ ОЧЕКУВА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

    ЗАЕВ МУ ГО ДАДЕ НА ЏАФЕРИ ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВА ВЛАДА, ТОЈ НА ПРАТЕНИЦИТЕ, СЕ ОЧЕКУВА СОБРАНИСКА СЕДНИЦАПремиерот Зоран Заев денеска ги објави имињата на новите министри кои се опфатени со реконструкцијата на Владата. - Собранискиот спикер Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев и кандидат за министер за финансии го достави предлогот за избор на Влада до собранискиот спикер Талат Џафери.

    Џафери до пратениците го праќа предлогот за реконструираните, односно за новите министри и заменици.  Внатре се биографиите на новите имиња што треба да ги заменат досегашните.

    По ова, Џафери се очекува да закаже собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

    Насер Нуредини ќе биде нов министер за животна средина. Нуредини е инвестициски банкар и финансиски советник за банкарство во Лондон и во Виена. Досегашниот министер за животна средина Садула Дураки ќе биде на чело на новото Mинистерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Премиерот Зоран Заев денеска ги објави имињата на новите министри кои се опфатени со реконструкцијата на Владата.

    Во Mинистерството за земјоделство на местото на Љупчо Николовски доаѓа Трајан Димковски кој досега беше шеф на кабинет на Николовски. Нов министер за локална самоуправа е Горан Милевски од ЛДП, а за култура Хусни Исмаили.

    Разрешени се и вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ.

    Заев кажа дека покрај премиерската функција ќе го преземе и раководењето на Mинистерството за финансии и не ја исклучи можноста да биде менаџер на државната каса до средните парламентарни избори.

    „Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира