ЗАЕВ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ОРБАН ЗА ПОДДРШКАТА ШТО Ѝ ЈА ДАВА НА МАКЕДОНИЈА

    ЗАЕВ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ОРБАН ЗА ПОДДРШКАТА ШТО Ѝ ЈА ДАВА НА МАКЕДОНИЈАСпоред премиерот Заев, заеднички заклучок на средбата било дека двете земји имаат одлични односи, кои треба да се продлабочуваат. (Фото: Фејсбук/Зоран Заев)

    Премиерот Зоран Заев му се заблагодари на унгарскиот премиер Виктор Орбан за севкупната поддршка што ја дава Унгарија за Македонија.

    Кусата средба меѓу двајцата премиери се случи на маргините на Самит „16+1“ или самит на шефови на влади на Источна и Централна Европа за соработка со Кина, што се оддржува во унгарскиот главен град Будимпешта. Заев особено се заблагодарил на Унгарија за помошта при обезбедување на нашата јужна граница за време на мигрантската криза.

    „На средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан ја истакнав одличната организација на Самитот 16+1 и се заблагодарив за севкупната и значителна поддршка што Унгарија и ја дава на нашата земја на патот кон ЕУ и НАТО. Заеднички беше истакнато дека Република Македонија и Унгарија имаат одлични односи и дека ќе настојуваат и понатаму да ги унапредуваат во сите области“, соопшти Заев на својата фејсбук страница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира