ЗАЕВ: ОВА Е ДРЖАВЕН УДАР, ОДИМЕ НА УЛИЦА

    ЗАЕВ: ОВА Е ДРЖАВЕН УДАР, ОДИМЕ НА УЛИЦА

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред малку од седиштето на партијата повика на масовни протести и побара оставка од претседателот Ѓорѓи Иванов по неговата денешна одлука да ги амнестира сите политичари кои се осомничени во аферата со прислушуваните разговори.

    „Лицето Ѓорѓе Иванов, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ. „Тој е директен соучесник во злосторничкото здружување против Македонија. Правната држава повеќе не постои“, рече Заев  и повика на масовни протести.

    „Не сме сите исти, не сме криминалци“, повика Заев и побара оставка од претседателот Ѓорге Иванов.

    „Бараме, заштитникот на криминалците, лицето Ѓорѓе Иванов, веднаш да поднесе оставка. Доколку тоа не го стори денеска, државата ја доведува во вонредна состојба, на граница на експлозија“, рече Заев и повика Собранието веднаш да биде свикано и да покрене постапка за отповикување на Ѓорѓе Иванов.

    Тој рече дека ќе ги предводи граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија, на улици, на протести, во градовите  и селата низ цела Македонија. „Ве повикувам да си ја одбраниме државата“, го заврши своето обраќање лидерот на СДСМ Зоран Заев.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари