ЗАЕВ ПОБАРА ПЕНДАРОВСКИ ДА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, А ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ДА ПРОДОЛЖИ

    ЗАЕВ ПОБАРА ПЕНДАРОВСКИ ДА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, А ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ДА ПРОДОЛЖИЛидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. (Фото: Кабинет на Претседателот)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски партиите го споделиле ставот оти во овој момент нема услови за одржување на парламентарни избори. Констатираше дека сите партии имаат заеднички непријател, а тоа е коронавирусот.

    „На средбата побарав да се прогласи вонредна состојба, за да се донесат мерки за подобро и поефикасно зачувување на здравјето на граѓаните и за да ѝ се помогне на економијата најдобро“, рече Заев, кој смета дека не треба цела држава да стане Дебар.

    Тој рече дека Владата ќе го побара тоа од Парламентот. Ако не работи Парламентот, тоа ќе го побара од претседателот Пендаровски.

    На новинарско прашање, Заев одговори дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се согласувал со прогласување вонредна, туку кризна состојба.

    Техничката влада треба да продолжи со работа, смета Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира