Премиерот Зоран Заев денеска се поздрави со Доналд Трамп во Њујорк на настан организиран од американскиот претседател за приклучување кон политичката декларација за реформата на Обединетите нации, соопштија од Владата. Како што објави Заев на социјалните мрежи, тој ја поддржал иницијативата на Трамо за реформи на ОН, предложени од генералниот секретар на организацијата.
„На средбата со претседателот Трамп изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“, се вели во соопштението од Владата.
Заев, е во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, придружуван е од министрите за надворешни работи и за дијаспора Никола Димитров и Едмонд Адеми.