ЗАЕВ СЕ ПРИДРУЖИ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД ИВАНОВ

    ЗАЕВ СЕ ПРИДРУЖИ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД ИВАНОВ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва им се придружи на граѓаните пред Собранието што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни, јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие бараат оставка на Иванов и експерстска влада што ќе организира веродостојни избори. Се извикува „Нема правда нема мир“.

    Полициски сили го чуваат седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и зградата на Министерството за правда и Канцеларијата на претседателот. Речиси цел центар на главниот град е блокиран.

    Протестите почнаа и во Битола и Струмица.

    Во Битола организаторите на протестите со слоганот „Битола нема да те помилува“ бараат оставка од градоначалникот Владимир Талевски, откако Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против него. Тие тргнаа од плоштадот Магнолија и се движат кон зградата на општината.

    Денеска за прв пат по аболицијата што ја потпиша Иванов се протестира и во Струмица.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари