ЗАЕВ ТЕЛЕФОНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦОТАКИС ЗА ПОБЕДАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА

    ЗАЕВ ТЕЛЕФОНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦОТАКИС ЗА ПОБЕДАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА„Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери“, напиша Заев на Фејсбук. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор му ја честитал победата на вчерашните парламентарни избори во Грција на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис.

    „Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери. Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

    Заев му се заблагодари и на досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Алексис Ципрас за соработката со која се поставени се темели на трајно пријателство меѓу двете земји.

    Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис даде денес заклетва како нов премиер на Грција, а составот на новата влада се очекува да го соопшти официјално вечерва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира