Работник кој работел на зградата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Скопје загина попладнево, откако паднал изведувајќи градежни работи.
Според МВР, 56-годишниот скопјанец В. П. , вработен во фирмата која градела, паднал околу 16 часот и починал на самото место. Зградата на ФФФ е на булевар АСНОМ, а на местото на несреќата на увид се полицајци и државен трудов инспектор.