ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЌЕ ГИ ЗАКОЧИ СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ, ОЦЕНИ ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА И ПРЕПОРАЧА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ЌЕ ГИ ЗАКОЧИ СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ, ОЦЕНИ ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА И ПРЕПОРАЧА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТОМинатиот месец имаше обид да биде искористен новиот Закон за употреба на јазиците за да се закочи судењето за предметот „ТНТ“, кое е пред изрекување пресуди, а во коe е првообвинет избеганиот експремиер Никола Груевски. - Адвокатот Мерџан Даути излегува од Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Венецијанската комисија во мислењето усвоено денеска ѝ препорачува на Северна Македонија да го преиспита Законот за употреба на јазиците и да се откаже од примената на двојазичноста во судските постапки.

    Венецијанската комисија ја поздравува желбата на властите да ја подобрат ситуацијата со јазиците на заедниците, но Венецијанската комисија, исто така, смета дека новиот закон во споредба со претходниот од 2008 година значително ја зголемува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти оди подалеку од европските стандарди.

    Според мислењето на Венецијанската комисија, новиот закон оди предалеку, наметнувајќи им нереални правни обврски на јавните институции, посебно со употребата на албанскиот јазик во правните процедури, комбинирано со тешките казни за непочитување на законот и можноста за враќање на почеток на судски постапки поради недостиг на превод.

    Според мислењето, ваквиот пристап може значително да го забави функционирањето на целокупното правосудство, ризикувајќи сериозни прекршувања на правото на фер судење, гарантирано со Европската конвенција за човекови права.

    Минатиот месец имаше обид да биде искористен новиот Закон за употреба на јазиците за да се закочи судењето за предметот „ТНТ“, кое е пред изрекување пресуди, а во коe е првообвинет избеганиот експремиер Никола Груевски.

    На самиот крај од судењето, една од обвинетите му го откажа полномоштвото на адвокатот Димитар Дангов и ангажираше адвокат Албанец, но судијата Огнен Ставрев, поднесе дисциплинска постапка против новонајмениот адвокат Мерџан Даути, под сомневање дека сака да го одолговлечи судењето со тоа што бара да му се преведат сите списи од двегодишното судење и да ја злоупотреби службената положба како адвокат.

    Владата го испрати Законот за употреба на јазиците на оценка кај Венециската комисија по неговото усвојување во парламентот во март 2018.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира